Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, од својот прв сопруг барала да потпише т.н. договор за бременост за тој да ѝ плаќа личен тренер, нутриционист и дадилка за да остане во форма ако остане бремена додека се во брак, открил близок пријател на Меган за „Дејли мејл“.
Во времето кога се венчале, во 2011 година, кариерата на Меган била во подем, а таа сакала да се врати во форма за снимање веднаш по породувањето, како и повеќето актерки во Холивуд. Од поранешниот маж Тревор Енгелсон, таа барала да плати за личен тренер и нутриционист, но и дадила која ќе го чува бебето. Причината за ова, тврди истиот извор, е тоа што семејството на Меган е склоно кон дебелеење, а таа заради улогата на Рејчел Зејн во серијата Suits не сакала да се здебели.
Договорот меѓу меган и Тревор не бил потпишан на адвокат, туку го напишале и потпишале самите на ливче.
„Таа ми рече дека го натерала да потпише нешто, и иако можеби било само рачно напишано, со тоа ќе можела подоцна да му се качи на глава“, додал изворот за „Дејли меил“.
Меган и Тревор беа во брак од 2011 до 2014 година.
Текстот Меган од поранешниот баралa да ѝ плати личен тренер откако ќе се породи е превземен од Reporter.mk.