Принцот Хари и поранешната актерка, кои управуваат со сметката на „Сасекс Ројал“, виделе дека нивните следбеници на социјалните мрежи растат откако ѝ објавија збогум на круната. Тие достигнаа 11,1 милиони следбеници на социјалните мрежи.
„Војната“ меѓу Меган Маркл и Кејт Мидлтон се води и на далечина, и тоа не само преку облеката која ја одбираат Кејт и Меган, туку и преку социјалните мрежи. Меган Маркл ја победи Кејт Мидлтон на Инстаграм: од денот на „разводот“ на Хари и поранешната актерка од кралското семејство, на 18 јануари, профилот на Кралството Сасекс достигна 11,1 милиони следбеници, додека Кејт и Вилијам со Кенсингтон Ројал се заглавени на 11 милиони.
Текстот Меган против Кејт: Сасекс го победи Кембриџ на Инстаграм е превземен од Reporter.mk.