Меган се породила во тајност, пишуваат британските медиуми

Од Бакингемската палата објавиле дека војводата и војвотката од Сасекс Хари и Меган ќе ги сочуваат деталите поврзани за раѓањето на нвното дете во рамките на семејството. Дури откако родителите ќе го прослават раѓањето на приновата, јавноста ќе дознае дека кралското семејство добило уште еден член.

Поради тоа британските медиуми почнале да пишуваат дека бебето веќе се родило, а дополнително за тоа говори и фактот што трудничкото отсуство на Меган Маркл траело до 20 март.

„Војводата и војвотката од Сасекс се благодарни на прекрасните желби и честитки кои ги примија до сега и се подготвуваат за раѓањето на нивното дете. Војводата и војвотката донесоа приватна одлука дека настанот со раѓањето на принцот ќе биде приватен. Јавноста ќе биде известена за раѓањето на бебето кога тоа ќе се прослави во кругот на семејството“, напишале Меган и Хари, а многумина ваквите зборови ги протолкувале како знак дека принцот е веќе роден.

Мина веќе еден месец откако Меган е на трудничко боледување, па оттука многумина сметаат дека бебето веќе требало да стигне. Гласините ги подгреало и пристигнувањето на Даниел Мартин во Лондон. Даниел е голем пријател на Меган и тој ќе биде кумот на кралското бебе.
Фановите во секој момент очекуваат од Меган и Хари да ги објават фотографиите на бебето на официјалниот „Инстаграм“ налог. Налогот како што пренесуваат британските медиуми не е ажуриран повеќе денови.

 

Текстот Меган се породила во тајност, пишуваат британските медиуми е превземен од Reporter.mk.