Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, на кралска турнеја со принцот Хари вчера ја посети држава Тонга, каде што се сретнаа со тамошното кралското семејство. Меган носеше елегантен црвен фустан од под кој се гледаше етикетата што заборавила да ја извади. Фустанот на Меган е од брендот „Селф портрет“ и чини 450 долари. Таа носеше чанта од „Кристијан Диор“ и чевли од „Маноло Бланик“.
Австралиските медиуми пишуваат дека Меган се шетала со етикетата околу пет минути пред некој да ја забележи и да ја тргне. И покрај ова, стилистите го пофалија нејзиниот моден стил и уште еднаш напишаа дека таа станува вистинска модна икона.
Текстот Меган се прошета со етикета на фустанот е превземен од Reporter.mk.