Меган ѝ се восхитува на Џоли

Меган Маркл ѝ се восхитува на глумицата Анџелина Џоли, пренесуваат светските медиуми. Таа има почит кон неа, како на лично, така и на професионално ниво. Таа ѝ се восхитува како успеала да ја избалансира работата во добротоврни цели и да има истовремено успешна кариера, открива близок извор до сопругата на Хари.

Според пишувањто на странските медиуми, Меган сега сака да ја прошири својата улога на наратор во документарецот Elephant, на кој исто така работи и глумицата Анџелина Џоли. Меган сака Џоли да ѝ биде менотрка во глумата.

„Меган има почит кон Анџелина, како на лично, така и на професинално ниво. Таа ѝ се восхитува како успеала да ја избалансира работата во добротворните цели и да има истовремено успешна кариера. А паралелно со тоа да огледа и шест деца“, вели изворот близок до Меган.

Истото мислење го дели и Џоли за Меган, која неодамна изјави дека сака да го негува пријателството кое што го има со сопругата на Хари. Таа се надева дека ќе имаат голем број средби во Лос Анџелес, градот во кој Меган и Хари неодамна се преселија. Тие веќе се имаат сретнато неколку пати, открива изворот.

Меган и Хари се откажаа од кралските должности за да можат да се самофинансираат. Откако ги завршија последните должности кон кралицата Елизабета, тие се преселија прво во Канада, а недолго потоа во Лос Анџелес, каде Меган планира да и се посвети на актеркската кариера.

„Меган досега има добиено многу понуди, но смета дека добар дел од нив не се за неа“, открива изворот.

Тој додава дека Меган е загрижена дека критичарите ќе бидат строги кон неа откако ќе се врати пред камерите, па сака да биде сигурна дека нејзиниот прв глимачки проект, по заминувањето од кралското семејство, ќе го прави режисер од вистински калибар.

„Секогаш Меган сакаше да биде славна глумица. Не верувам дека ѝ било тешко да го наговори Хари за такво нешто. Не и беше тешко да го убеди да се преселат во Лос Анџелес“, дополнил изворот за странските медиуми и додал дека и самиот Хари е фасциниран од филмските ѕвезди.

 

 

 

Текстот Меган ѝ се восхитува на Џоли е превземен од Reporter.mk.