Продуцентите на серијата „Сутс“ на Меган Маркл ѝ нудат 6 милиони долари да се појави уште еднаш во популарната серија и да ја повтори улогата на Рејчел Зејн, со која се прослави, пишуваат американските медиуми. Според нив, „Ен-би-си јуниверзал“ е подготвен да ѝ плати огромна сума на војвотката од Сасекс за сцена од 2 минути во последната епизода од оваа сезона. Доколку таа не сака да го добие хонорарот, продуцентите парите би ги дале во добротворни цели, по нејзин избор.
„Снимањата ќе бидат завршени за половина ден. Останува на Меган да се согласи и да добие одобрување од кралското семејство“, рекол извор близок до филмското студио за „Дејли стар“.
Меган ја играше улогата на Рејчел Зејн седум години, од 2010 година. По свршувачката со принцот Хари, таа ја напушти серијата. Последната епизода во која глумеше се прикажуваше лани во април, еден месец пред да се омажи.
Текстот Меган за 6 милиони повторно во „Сутс“ е превземен од Reporter.mk.