За неколку дена е Ноќта на вештерките!
Иако не е наш официјален празник, сепак многу луѓе сакаат да го прославуваат, па токму затоа имаме многу забави низ целиот град, во вид на маскенбали и тематски забави кои се памтат во текот на целиот живот. За нив е потребно да имате добра и оригинална маска, но и одлична идеја за шминкање – покрај облеката која можете самите да ја купите или сошиете.
На наша среќа, интернетот е голем извор на инспирација, па можеме да најдеме многубројни идеи за шминкање или цели костими. Иако е потребно малку повеќе време за да дојдете до посакуваниот изглед, особено ако не сте толку многу уметнички настроени, сепак едно е сигурно – ќе бидете ѕвезда на вечерта.
Во нашата галерија можете да најдете идеи како да се нашминкате за Ноќта на вештерките – најстрашната вечер во годината!
Текстот Мејкап идеи за Ноќта на вештерките е превземен од Reporter.mk.