Мек Милер починал од преголема консумација на дрога

Американскиот рапер Мек Милер починал од последица на срцев удар, предизвкан од преголема консумација на дрога и алкохол. Ова се вели во соопштението испратено од канцеларијата на обвинителството во Лос Анџелес.

Службите објавија детали од токсиколошкиот налог со кој е утврдено дека поранешното момче на пејачката Аријана Гранде починало од предозирање со супстанцата фентанилом.

Мешавината од дрога и алкохол била пресудна за пејачот, кој починал во својот дом во Калифорнија на 7 септември оваа година. Според службениот извештај, телото го пронашол неговиот агент.

Истражителите кои стигнале на местото на настанот во џебот на Милер откриле банкнота од 20 долари, со траги од  бел прав. Празното шише алохол го нашле на плакарот покрај креветот, а апчињата ги пронашле во бањата.

„ТМЗ“ пренесува дека за смртта на 26-годишниот рапер била пресудна комбинацијата на двете наведени тешки дроги, но и количината што ја консумирал. Официјално Милер починал од срцев удар во својот дом, а лекарите од итната помош само можеле да констатираат смрт на музичарот.

Мек Милер со години се борел од зависноста од дрогите и алкохолот, што било причина и за прекин на врската со поп-ѕвездата Аријана Гранде во мај оваа година.

 

Текстот Мек Милер починал од преголема консумација на дрога е превземен од Reporter.mk.