Меколи Калкин откри дека бил злоставуван од татко му

Актерот Меколи Калкин, вчера го прослави 38 роденден, во едно од своите интервјуа призна дека како дете бил злоставуван од неговиот татко Кит Колкин.

Глумецот што се прослави во филмот „Сам дома“ во деведесетите години, за себе вели дека сега е многу паметен и дека цело време седи на фотелја и гледа телевизија. И покрај тоа што ништо не работи, Меколи вели дека има доволно пари за факултет за неговите деца.

По две години од неговиот прв снимен филм „Сам дома“ во 1990 година, Меколи сними и продолжение на божиќната комедија.

„Тоа момче е многу паметно. Арамиите само што не му провалиле дома, а тој не сака да повика полиција. Зошто? Смислува голем план, наместо да подигне слушалка. Мислам дека тоа е голем пропуст во филмот“, раскажал Колкин за некои неразјаснети моменти од филмот.

Актерот во јануари го почна снимањето на интернет емсиијата „Зајачки уши“ со комичарот Мет Коен. Досега имаат снимено 35 епизоди. Секоја недела расправаат за разни теми и имаат познати гости. Меколи на почетокот на оваа година изјави дека го напуштил Холивуд поради неговиот татко, актерот Кит Колкин (73).

„Мојот татко беше многу лош човек. Ме злоставуваше и психички и физички. Можам да ви ги покажам моите лузни и сега“, изјавил Колкин. Тој додава дека татко му знаел да му се закани дека ќе го удри ако не ја сработи добро работата.

„Јас до десетата година бев подобар од него во се што тој се обидувал да го направи целиот свој живот. Бев подобар танчар и актер. Беше љубоморен на мене и исфрустриран“, изјавил Меколин.

Ѕвездата од филмот „Сам дома“ смета дека прекинот на комуникацијата со неговите родители во 1995 година било најдобро нешто што му се случило откако знае за себе. Неговите родители Кит и Патрисиа Брентруп (64) биле во брак 21 година. Покрај Колкин имаат уште пет деца. Четири од нив се обиделе во актерските води, но безуспешно.

„Уште од мал посакав да направам пауза од Холивуд и на крајот си реков: Готов сум, се надевам дека сите сте доволно богати, затоа што јас повеќе пари нема да ви носам“, изјавил Колкин, кој на 15 години го блокирал своето богатство вредно околу 17 милиони долари од своите родители. Меколин своевремено проговорил за земањето хероин и истакнал дека не бил тежок зависник.

 

„Не трошев 6000 долари месечно на хероин. Давав многу помалку“, изјавил актерот кој често се фали дека работи се и сешто, затоа што може да си дозволи да биде во пензија. Колкин почнал да зема дрога и антидепресиви во 2011 година, по прекинот на осумгодишната врска со колешката Мила Кунис (35). Таа набрзо потоа се вљубува во актерот Аштон Кечер (40). Колкин ја молел да му се врати, но таа рекла дека можат да бидат само пријатели.

Некогашниот актер изјавил дека одбил понуда во серијата The Big Bang Theory. Како што навел Меколи, тој имал понуда на маса да игра во оваа серија, но сепак ја одбил.

„Не можев да се замислам во такво телевизиско шоу“, изјавил Калкин за време на гостувањето кај водителот Џо Роган, но не прецизирал кој лик требало да го игра.

Зад себе има пропаднат брак со колешката Рејчел Минер (38) со која се оженил во 1998 година, а се разделиле по две години. Во 2002 година се развеле. Рејчел сакала деца, додека Меколин не бил подготвен и сакал да и се врати на глумата.

„Спротивно на популарното верување, никогаш не бев на одвикнување. Никогаш не бев во затвор и никогаш не ме уапсиле“, вели ѕвездата од филмот „Сам дома“.

„Имав стотина милиони долари, а истовремено ја удирав главата во ѕид“, изјавил Меколин. Тој од летото минатата година е во врска со американската актерка Бренда Сонд (29). Двојката се има запознаено на Тајланд додека снимале дебитански филм со актерката Сет Грин (44), Changeland.

„Ова е добра, веројатно ќе ставам некое бебенце во неа наскоро. Мислам навистина вежбаме“, изјавил Калкин за својата девојка. Тој додал и дека ќе има убави и прекрасни бебенца.

 

 

Текстот Меколи Калкин откри дека бил злоставуван од татко му е превземен од Reporter.mk.