Поранешната членка на британската музичка група „Спајс грлс“, Мелани Браун, во телевизиската емисија Life Stories Piersa Morgan, проговори за турбулентната врска со актерот Еди Марфи и објасни дека тој засекогаш ќе биде љубовта на нејзиниот живот.
Пејачката призна дека нивниот брак бил проследен со многубројни кавги и расправии. На крајот кога се разделиле, Марфи не сакал да признае дека Ангел е неговата ќерка.
„Двајцата сме виновни. Тоа го признавам јавно, а тој до ден денес не престана да се извинува за своите постапки. Марфи сега се кае и посакува тоа никогаш да не го кажал. Нашето дете беше планирано. Ја планиравме Ангел заедно и се сакавме многу, но во еден момент работите отидоа во погрешен правец. Марфи засекогаш ќе биде љубовта на мојот живот“, изјавила Мел.
Покрај Ангел (12) Мел има уште две ќерки. Со продуцентот Стефан Белфонте ја има седумгодишна ќерка Мадисон, а од бракот со танчерот Џими Галзар ја има Феникс (12).
Пред неколку години пејачката го обвини Белфонте за злоставување, а и бил дијагностициран и пострауматски стресно пореметување. Двојката се разведе во 2017 година. Еди Марфи во моментов е во врска со моделот Пејџ Бачер, со кого се сврши во 2018 година. Со манекенката има две деца.
Текстот Мел Би: Еди Марфи засекогаш ќе биде љубовта на мојот живот е превземен од Reporter.mk.