Мел Би, поранешната членка на „Спајс грлс“ ќе оди на одвикнување од дрога и секс, пишуваат американските медиуми. Таа рекла дека мора да го доведе животот во ред по тешкиот период и разводот од сопругот Стефан Белафонте. Лекарите ѝ дијагностицирале посттрауматско стресно нарушување и мора итно да се лечи за да може да им се врати на своите деца.
Пејачката во интервју отворено раскажа за своите проблеми и за зависноста од дрога и алкохол.
„Тие ми помогнаа да заборавам на проблемите што ме мачат и да ги преживеам сите емоции што ме преплавуваат. Свесна сум дека тоа е лошо и за мене и за моето семејство, затоа е време да побарам стручна помош“, рекла таа.
Текстот Мел Би ќе се одвикнува од дрога и секс е превземен од Reporter.mk.