Поранешната членка на групата „Спајс грлс“, Мел Би, направи целосна трансформација на своето лице. Голем дел од нејзините обожаватели сега не можат да ја препознаат.
„Што ти се случило со лицето? Си помислив дека ја гледам Ким Кардашијан. Те сакам Мел, но премногу си го променила лицето. Ова е навистина премногу ботокс, претходно беше поубава“, беа само дел од коментарите на фановите на поранешната спајсица.
Мелани веднаш одговори на критиките велејќи дека верува во методите на разубавување.
„Верувам во најдобрата верзија за себе и го поддржувам природниот изглед и грижата за него. Ми се допаѓа фактот дека не мора секогаш да се преземаат драстични мерки и да завршите под нож. Треба да почнеме да зборуваме повеќе на оваа тема и луѓето да дознаат и за безбедните, но и природните методи на разубавување“, истакна Мел Би.
Пејачката вчера најави дека нејзината автобиографија „Брутално искрена“ излегува во ноември оваа година и истата веќе може да се нарача на интернет. Неодамна пријатели на Мел Би изјавија дека откако ќе ја објави книгата, нема никакви шанси „Спајс грлс“ повторно да се собере. Пејачката во автобиографијата открила бројни пикантерии и валкани тајни поврзани со нејзините колешки.
Текстот Мел Би направи целосна трансформација на лицето е превземен од Reporter.mk.