Британската пејачка Мел Би, која се прослави со групата „Спајс грлс“, во шоуто на Пирс Морган открила дека имала секс со Гери Халивел во 1990-те додека двете членувале во најпопуларниот женски бенд. Во шоуто „Животните приказни на Пирс Морган“ Мел Би ги коментирала градите на Гери и рекла дека се одлични.
„Бевме најдобри пријатели и едноставно се случи. Си се насмевнавме и тоа беше тоа. Гери ќе ме мрази поради тоа бидејќи таа е во својата отмена селска куќа со сопругот, но ова е факт. Ќе ме убијат и таа и нејзиниот сопруг. Ама се надевам дека кога некој ќе ја праша Гери за тоа, нема да се лути и демантира туку ќе признае дека бевме заедно бидејќи тоа е смешна работа“, рекла во интервјуто Мелани.
По нејзината изјава, британските медиуми пишуваат дека заради ова можеби ќе се откаже турнејата на групата што треба да се одржи ова лето. Други сметаат дека заради нејзината изјава само ќе се зголеми продажбата на билетите.
Гери, позната како Џинџер Спајс, сѐ уште не дала изјава по интервјуто на Мел Би.
Текстот Мел Би тврди дека имала секс со Гери Халивел е превземен од Reporter.mk.