Мелани Браун, позната како Мел Би, изјавила дека ги отстранила тетоважите на кои било напишано името на нејзиниот сопруг Стивен Белафонте. Остатоците од кожата на кои била напишана тетоважата Мелани вели дека ги чува во тегла.
„Хируршки го отстранив делот од кожата каде што беше напишано неговото име. Знам дека звучи чудно, но остатоците ги чувам во стеклена тегла во плакар. Се чувствувам како да сум силувана и имам силен порив да се измијам самата себе. Не сакав да имам на себе ништо што ме потсетува на него“, изјавила Мелани.
Не е познато зошто пејачката се одлучила на ваков чекор, но остатоците од својата исповед Мелани вели дека ќе ги напише во нејзината книга „Брутално искрена“.
Пејачката минатата година го обвини својот поранешен сопруг Стивен Белафонте дека ја злоупотребувал. Додека траела бракоразводната постапка, таа тврдела дека го оставила само со неколку куфери. Белафонте ваквото тврдење го негирал, а Мел морала на поранешниот сопруг да му плаќа алиментација.
Текстот Мелани Браун ги отстранила тетоважите со името на нејзиниот поранешен сопруг е превземен од Reporter.mk.