Меланија ќе се разведе од Трамп по истекот на мандатот

Поранешната советничка на Доналд Трамп, Омароса Маниголт Њуман, во својата книга тврди дека Меланија со својот избор на облека, сака да го изнервира и казни својот сопруг Доналд Трамп.

Таков беше случајот за време на посетата на Тексас во центарот за децата мигранти. Меланија на грбот носеше порака „Навистина не ми е гајле, а вас?“.

Њуман тврди дека пораката бил акт на бунт и начин да му се нанесе штета на американскиот претседател.

„Мислам дека беше присилена тој ден да замине на патување за да го среди нередот кој го направи Трамп и неговата бесчувствителна администрација. Јакната ја облече за да го сврти вниманието кон себе“, тврди Омароса, додавајќи дека Меланија имала за цел да ја уништи убавата слика која јавноста ја има за Доналд Трамп.

„Меланија им испрати порака на оние кои ја пратија на тоа место. Пораката беше јасна дека повеќе не смеат да ја користат и да  бараат од да го подржува својот сопруг. Меланија сочувствуваше со децата кои се наоѓаа во центарот и сакаше да покаже дека одлуките на нејзиниот сопруг се глупави. Таа многу добро знае дека нејзините модни пораки детално ќе се проучуваат. Мислам дека Меланија ги брои минутите до крајот на мандатот на Трамп, и дека потоа ќе се разведе од него“, тврди Њуман.

Њуман ги потврди пишувањата на Мајкл Вулф во книгата Fire and Fury: Inside The Trump While House, во која писателот пишува дека брачната двојка повеќе не ја дели спалната соба. Во книгата Њуман пишува и за изопачениот однос меѓу Доналд Трамп неговата ќерка Иванка.

Ваквите тврдења ги негира портпаролката на Меланија, Стефани Гришам.

„Госпоѓа Трамп ретко кога стапува во контакт со Њуман. Тажно е што Њуман се одмаздува на овој начин, особено поради можностите кои и ги даде претседателот Трамп“, изјави Гришам.

 

Текстот Меланија ќе се разведе од Трамп по истекот на мандатот е превземен од Reporter.mk.