Меланија Трамп воодушевила со својот изглед во Хелсинки, каде што првата дама на САД се појавила во светол жолт капут-фустан. Меланија била во придружба на својот сопруг Доналд Трамп, кој имал состанокот со рускиот претседател, Владимир Путин.
Првата дама на САД, која важи за личност со стил, уште еднаш покажа дека знае беспрекорно да го избере стајлингот. Странските медиуми пренесуваат дека Меланија ја „осветлила собата“ кога се појавила во светол жолт капут-фустан.
Цената на овој капут со потпис на Гучи изнесувала 3700 долари. Сепак, медиумите својот фокус го ставиле на посетата на првата дама на САД во Велика Британија, каде што Меланија имала средба со кралицата Елизабета Втора.
Словенката посетата ја искористила за малку да „позајми“ од стилот на британската дама. Како што пренесува британски експрес, капутот на првата дама бил многу сличен на оној што го носела Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ.
Кејт е позната по своите фантастични комбинации и често може да се забележи во вакви капути, со потпис на Александар Меквин.
Светложолтиот капут бил одличен избор за летово, а Меланија се одлучила за модел кој достигнува малку до потколената, има долги ракави и колан околу половината.
Меланија во рацете држела мал букет со полско цвеќе, кој наводно го подготвила за рускиот претседател.
Текстот Меланија одбра совршена комбинација за средбата со Путин е превземен од Reporter.mk.