Шестцифрената хотелска сметка на Меланиja Трамп предизвика неверување, а потоа и критики од многу американски официјални претставници. Според американските медиуми, првата дама на САД, Меланија Трапмлани во Торонто престојувала во хотелите Риц Карлтон и Шератон центар заедно со нејзиниот тим, а направената сметка изнесувала 174 илјади долари.
Трошоците од ова патување беа објавени минатата недела, а причината за 12-часовната посета на Торонто бил состанок со канадскиот премиер Џастин Трудо и принцот Хари.
Портпаролката на Меланија Трамп, Стефани Гришам, смета дека нема ништо чудно во потрошениот износ и дека тимот ги потрошил парите на неопходни работи.
„Кога патува првата дама на Соединетите Американски Држави, има уште многу луѓе кои одат пред неа за да го обезбедат просторот. Тука се и здравствено осигурување, комуникацијата, возилата и целата логистика која чини пари. Меланија дури и води многу помалку луѓе отколку некои нејзини претходнички“, изјавила портпаролката.
Сепак, магазинот „Quartz“ објави дека шестцифрената сметка го претставува само трошокот направен од страна на Меланија, додека трошоците на нејзиниот персонал изнесувале дополнителни 18 илјади долари.
Текстот Меланија потрошила 174 илјади долари за 12 часа е превземен од Reporter.mk.