Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија, има направено нешто во минатото од кое што се срами и поради тоа таа повеќе од една деценија не ја посетила својата родна земја, Словенија, пишуваат американските медиуми.
Американски новинари кои го следат животот на првата дама на САД, во обид да дознаат нешто повеќе за нејзиното минато, се сретнале со луѓе кои некогаш биле во контакт со неа.
Тие сакале да проверат зошто Меланија подолг период ја нема посетено својата родна земја и зошто не сака да зборува на својот мајчин јазик и за нејзиниот поранешен живот.
Аналитичарот Бојан Пожар, кој подолг период ја следи Меланија, тврди дека сопругата на Трамп крие нешто од минатото, за кое смета да може лошо да резултира по нејзината кариера. Пожар смета дека тоа е една од причините зошто таа не сака да ја посети Словенија.
„Постојано се фали дека говори повеќе јазици, но речиси никогаш не проговорила во јаваност на својот мајчин јазик, па дури ни кога ќе се сретне со своите сонародници“, вели Пожар.
Тој вели дека разговарал со мажи коишто тврделе дека имаат некаква врска со Меланија, но ниту еден од нив не открил ништо посебно за неа. Оттука тој се сомнева во веродостојноста на нивните изјави. Сопругата на Трамп од друга страна ги демантирала сите изјави и вести за какви било врски со мажи, со кои медиумите ја поврзувале.
Санди Горисек е аналитичар кој исто така се занимавал со животот на Меланија. Тој тврди дека нејзиното заминување од Словенија не е изненадува и дека таа сакала побрзо да побегне од социјалистичката земја.
Аналитичарите тврдат дека ќе дојде време кога Меланија сигурно ќе напише книга за својот живот. Но, сите се сомневаат дека информациите во неа ќе бидат вистинити. Сите се согласни дека Меланија ќе излаже за многу работи, само за нејзината приказна да биде подопадлива за јавноста, пишуваат медиумите.
Дел од луѓето кои ја следат Меланија, особено по нејзиното стапување на функцијата како прва дама на САД, сметаат дека поранешниот модел направила нешто во минатото за коешто таа не сака да се открие во јавноста. Тоа е само еден дел од теориите.
Нејзината земја е горда на неа, а иако одамна ја нема посетено, тие се надеваат дека кај Меланија ќе проработи носталгијата и дека еден ден таа ќе им се врати. Меланија Трамп ја напуштила Словенија далечната 1992 година и заминала во најголемиот моден центар во светот, за да стане успешна манекенка.
Денес Меланија Трамп е прва дама на САД, а американските медиуми често се интересираат за нејзиниот живот што го имала во поранешната југословенска република.
Меланија поминала повеќе од 20 години во Словенија во родното место Севница. Станува збор за мал град со 5000 жители. Иако Меланија тука израснала, никогаш не давала интерву на својот мајчин јазик, велат аналитичарите.
Текстот Меланија се срами од минатото, затоа одбива да ја посети родната Словенија е превземен од Reporter.mk.