Првата дама на Америка, Меланија Трамп, лани потрошила околу 220 илјади евра на облека, пишува магазинот „Ел“. Таа е постојсано во центарот на вниманието на светската јавност заради нејзиниот стил на облекување.
Меланија го привлече вниманието уште на инаугурацијата на Трамп со впечатливиот светло син комплет, кој го дизајнираше Ралф Лорен. Најголемиот дел од облеката во нејзиниот плакар е од светски познати брендови, меѓу кои и „Луј Витон“, „Диор“, „Марк Џејкобс“, „Армани“ и други.
Но, она што ја изненади јавноста е дека Меланија својата облека ја плаќа самата. Ова го потврди портпаролката на Белата куќа, Стефани Гришам. Неофицијално, на својата сметка во банка Меланија има 38 милиони долари, пишуваат американските медиуми. Но, оваа информација не е официјално потврдена.
Текстот Меланија Трамп годишно троши преку 200.000 евра на облека е превземен од Reporter.mk.