Мемоарите на поп- ѕвездата Принс на кои што работел пред смртта ќе бидат објавени наесен.
Издавачката куќа „Рандом хаус“ соопшти дека „The Beautiful Ones“ ќе го обедини ракописот на Принс со малку познати фотографии и исечоци.
Мемоарите ги покриваат деството, младоста и славата.
Музичарот имаше 57 години, кога беше откриен сам и безживотен во лифт во замокот „Пејсли парк“ на 21 април 2016 година. Информации објавени шест недели по неговата смрт, открија дека причината е случајно предозирање со „фентанил“, синтетички опиоид, кој е 50 пати посилен од хероинот.
Текстот Мемоарите на Принс пристигнуваат наесен е превземен од Reporter.mk.