Бане Обрадовиќ, еден од најпознатите српски менаџери, и кум на Жељко Јоксимовиќ, е заболен од корона. Тој за медиумите рекол дека не знае каде се заразила. Откако имал висока температура тој е тестиран на корона. Заради воспаление на белите дробови, тој е сместен на оделението за пулмологија во клиничкиот центар во Белград. Српските медиуми пишуваат дека здравствената состојба на познатртиот естраден менаџер засега е стабилна.
Освен Обрадовиќ, заразен е и неговиот среден син. Тој во моментов е сместен во болницата на белградскиот саем, но се чувствува добро и го чека вториот тест, по што лекувањето треба да го продолжи дома.
Текстот Менаџерот на Жељко Јоксимовиќ болен од корона е превземен од Reporter.mk.