Лидерот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи вчера попладне имал сообраќајна несреќа. Тој излетал од патот со возилото во кое се возел на десетина километри од Охрид во близина на охридскиот аеродром. Се уште нема објаснување што точно се случило, и како зилетало возилото на Тачи, кое го возлео друг возач. Тачи е добар и се здобил со мали повреди на нозете. Сообраќајната несреќа се случила вчера попладне кога лидерот на ДПА се враќал од посетата на Тирана, каде се сретна со претседателот на Албанија, Илир Мета.
Текстот Мендух Тачи излетал од патот кај Охрид е превземен од Reporter.mk.