Мнозинството Американци ја фалат првата дама на САД Меланија Трамп, за нејзинио беспрекорен изглед. Со оглед на тоа дека се ближи нејзиниот 50. роденден, доба во која женскиот метаболизам значително забавува, многумина од луѓето ги интересира како се храни сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Доручек
Поранешниот модел и тоа како внимава на своето тело, па секое утри за доручек зема лесен оброк, смути, или цеден сок. Обожава да прави напитоци од јаболки, портокало, а потоа да додаде и маслиново масло.
Напитокот е богат со омега 3 маслинови киселини и витамин Д. Таа го пие напитокот на празен желудник. Овој напиток и дава сила на Меланија до ручек. До тој период таа не чувствува глад.
Доколку не испие зелен смут за доручек, првата дама јаде овесна каша, која ја смета за најздрав доручек. Ако пак почувствува голем глад, Меланија јаде овошје. Таа се држи до редоследот секој ден. Редовно јаде 7 парчиња овошје. Иако некои сметаат дека тоа е премногу, научниците тврдат дека повеќе порции овошје во текот на денот, го чуваат здравјето на срцето и спречуваат прерана смрт.
Ручек
Кога станува збор за ручекот, тука Меланија има големи желби. Ако се најде во друга земја, пратејќи го својот сопруг, во текот на службените посети, таа редовно го јаде националното јадење на таа држава. Инаку Меланија често знае да изеде и седнвич со месо и кисели крставички, а ги обожава сите видови на пилешко месо.
Меланија обожава и чколадо. Во неколку наврати има споменато дека е сосема во ред од време на време да изеде чоколадо. Првата дама го обожава црното чоколадо, кое конзумирајќи го во мали колични, може значително да го поправи здравјето.
Меланија најмнову води сметка на внесувањето на витамини во организмот. Редовно користи А, C и Е витамини, како и хидратантна крема со која ја одржува младоликоста на кожата.
Таа не веува во диета и никогаш не се придржувала до ниту една диета. Од своите манекенски денови развила навика да конзумира здрава исхрана и до неа строго се придржува.
Кога станува збор за вечерата, Меланија вели дека ја избегнува. Никогаш нема да ја видите да јаде или грицка нешто по 18 часот. Смета дека умереноста е сè и дека е најважно да водите сметка каква храна јадете.
Текстот Менито на Меланија, првата дама вели дека знае како да остане витка е превземен од Reporter.mk.