Мерил Стрип ќе стане баба

Американската актерка Мерил Стрип наскоро ќе стане баба. Нејзината најстара ќерка, актерката Мами Гамер, го очекува своето прво дете. Мами е ќерка на 69-годишната Мерил и на нејзиниот сопруг, скулпторот Дон Гамер.

Мами во август таа се сврши со сценаристот и писател Мехар Сетхи, откако дознале дека е бремена. Свршувачката ја објавија на Инстаграм со фотографија направена во Опатија, Хрватска. Претходно Мами беше две години во брак со актерот Бенџамин Вокер, но двојката нема деца.

Бременоста на Мами ја потврди и портпаролот на семејството.

Текстот Мерил Стрип ќе стане баба е превземен од Reporter.mk.