Мет Дејмон во интервју за магазинот „Џи-кју“ откри дека пропуштил шанса да заработи скоро 280 милиони долари оти ја одбил понудата на Џејмс Камерон да глуми во „Аватар“ во 2009 година. Да ја прифател улогата, денес ќе беше еден од најбогатите актери на сите времиња.
„Камерон ми кажа дека не му треба познато актерско име и дека јас воопшто не сум му потребен на филмот, но доколку прифатам, ќе добијам десет проценти од заработката“, вели Дејмон во интервјуто.
Филмот заработи 2,79 милијарди долари и до неодамна беше прв на листа на филмови со најголема заработувачка, но сега на тоа место се наоѓа четвртиот дел на „Одмаздници“.
Дејмон кажа дека морал да го одбие Камерон зашто претходно му дал збор на режисерот Пол Гринграс дека ќе го снима „Борновиот ултиматум“.
„Сум одбил повеќе пари од кој било актер во историјата. Денес повеќе жалам за тоа што не работев со Камерон, но не сакав да му направам проблеми на Гринграс“, додаде Дејмон.
Текстот Мет Дејмон одбил улога од 280 милиони долари е превземен од Reporter.mk.