Метју Меконахи вели дека бегал од брак како ѓавол од крст

Холивудскиот актер Метју Меконахи вели дека води мирен семеен живот со убавата манекенка Камила Алвес, со која е во брак повеќе од седум години. Но, во минатото актерот вели дека водел бурен живот и дека журките биле негова секојдневица.

Поради таквиот начин на живот, Метју вели дека имало период кога завршил и во полиција, нешто што оставило голема дамка во неговата кариера. Во 1999 година, комшијата го пријавил поради големата врева која ја правел додека танцувал гол и свирел на бонго во својот дом.

Метју бил приведен и целата вечер ја минал во притвор поради реметење на јавниот ред и мир, поседување на канабис и давање отпор при апсењето.

„Бев стар ерген. Уживав во животот кој го водев, но знаев дека не можам да живеам така до крајот на мојот живот“, изјавил Метју.

Метју вели дека сè се променило кога ја запознал Камила Алвес која била 12 години помлада од него. Славниот актер покрај бразилската убавица конечно се смирил, а признава дека нивната љубовна приказна е нетипична.

„Мајка ми ме научи да ги ценам жените и кон нив да се однесувам со голема почит. Наскоро требаше да полнам 40 години и знаев дека сакам брак и деца, но од друга страна не сакав да брзам со работите, ниту да си создавам себе си притисок, затоа што знаев дека на тој начин ништо од тоа нема да биде. Познавам многу мажи и жени кои брзајќи направиле одлука за која подоцна зажалиле“, изјавил Метју и признал дека во моментот кога ја запознал Камила, не размислувал за сериозна врска.

Метју и Камила се запознале во 2006 година во ноќен клуб на Сансет Булевар кога тој имал 37 години, а Камила 24. Камила подоцна признала дека во моментите на запознавање не знаела дека станува збор за славниот актер затоа што Метју успешно се маскирал со големата брада и шешир на себе.

Додека ги распоредувал коктелите за своите пријатели, меѓу кои биле и поранешниот велосипедист Ленс Армстронг, тој ја снимил Камила за која вели дека го освоила со нејзината убавина. Седнал спроти неа и цело време се трудел да го привлече нејзиното внимание. Станал и ја повикал заедно со пријателите да му се приклучат.

Метју вели дека разговорот се развлекол и дека од тоа нивно прво запознавање станале нераздвојни. Завршиле забавувајќи се со пријателите во неговата куќа. Кога Камила се обидела да си замине, Метју ја убедил дека е предоцна и дека може да спие во гостинската соба.

Иако на почетокот се согласила, актерот подоцна признал дека му биле потребни големи напори за да ја наговори повторно да се видат.  Метју вели дека упорноста му се исплатила, а Камила брзо го освоила со своите кулинарски способности.

Првиот состанок се случил три дена подоцна, а Метју вели дека уште тогаш знаел дека таа е жената со која сака да има врска. Сепак и покрај тоа што нивниот однос била стабилна и силна од самиот почеток, двајцата не брзале со венчавката. По пет години врска, во 2011 година Метју и Камила се верија.

Венчавката се случи година дена подоцна во Тексас, а двајцата направиле приватна католичка церемонија, во присуство на семејството и пријателите. Добиле три деца. Во 2008 година им се родил синот Леви, во 2010 година ќерката Вида, а по венчавката во декември 2012 година, го добиле синот Ливингстон.

„На својата жена сум и верен и многу сум себичен. Таа ме маѓепсаше и јас уживам во тоа. Не сакам таа магија никогаш да исчезне“, изјавил Метју.

Пред да ја сретне, Метју важеше за голем заводник чие име беше поврзувано со голем број на жени, меѓу кои беа и Сандра Булок и Пенелопе Круз.

 

Текстот Метју Меконахи вели дека бегал од брак како ѓавол од крст е превземен од Reporter.mk.