По Џенифер Анистон и Корни Кокс и Метју Пери отвори свој профил на „Инстаграм“. Глумецот за неколку часа собра милиони обожаватели. Едни од први кои му честитаа беа колешките од „Пријатели“. Џенифер Анистон и Кортни Кокс беа првите кои му посакаа добредојде.
„Не можеше повеќе да издржиш, а?“, го праша Анистон, а набрзо потоа се јави и Кортни Кокс, со кои Метју Пери глумеше во популарната хомуристична серија од деведесетите „Пријатели“.
Метју Пери пред неколку дена се огласи на „Твитер“, велејќи дека наскоро се подготвува нешто многу големо. Многу од фановите го сватија ова како враќање на телевизиската серија на малите екрани.
Лиса Кудроу објави стара фотографија со Пери и на свој начин го одбележа начинот на собирање на екипата на интернет. „Конечно и Пери. Не можам да им верувам на очите“, напиша таа.
Претходно на „Инстаграм“ се приклучија и Мет Лe Бланк и Дејвид Швмиер, а Анистон беше последната од нив, откако пред неколку месеци и таа реши да направи „Инстаграм“ профил. Анистон за кратко време собра рекордна бројка на фанови. Таа сега има милиони луѓе кои ја следат на социјалните мрежи.
Текстот Метју Пери отвори „Инстаграм“, собра милиони фанови за неколку часа е превземен од Reporter.mk.