Метју Селигман, басистот што свиреше со Дејвид Боуви, почина од корона

Метју Селигман, музичарот кој свиреше бас гитара со Дејвид Боуви, почина на 64-годишна возраст, како последица на коронавирусот. Британскиот музичар починал на 17 април, а веста за неговата смрт медиумите ја пренесоа денес, откако ја потврди неговото семејство.

Селигман во кариерата беше член на повеќе групи меѓу кои и Софт бојс, Томпсон твинс, Долфин брадрс, а настапуваше и со Томас Долби, Дејвид Боуви, Робин Хичкок, Кимберли Рев, Алекс Чилтон, Вотербајс, Питер Марфи, Трансвизија Вамп, Мориси, Стерео МЦ, Сем Браун, Тори Амос, Стерео МЦ и Шинеад О’Конор.

Текстот Метју Селигман, басистот што свиреше со Дејвид Боуви, почина од корона е превземен од Reporter.mk.