Мигранти провалиле во домот на Дино Мерлин

Двајца мигранти во доцните полночни часови, провалиле во семејниот дом на Дино Мерлин во Сараево. Според неофицијални извори, арамиите влегле во домот на босанскиот пејач преку прозор, не обрнувајќи внимание на камерите кои биле поставени пред неговата куќа.

Веднаш откако влегле, се огласил алармот, а двајцата крадци не успеале ништо да однесат од куќата. Тие веднаш се пуштиле во бегство. Полицијата која за кратко време пристигнала на местото на настанот успеала да уапси само еден од нив.

Мигрантот, како што пренесуваат босанските медиуми, во себе немал документи за да може точно да се утврди неговиот идентитет.

„Станува збор за момче кое имал два датуми на раѓање. Еднаш навел дека е роден 1997 година, а вториот пат навел дека е во прашање 1998 година“, вели извор од полициските служби.

Босанските медиуми пренесуваат дека Дино Мерлин и неговото семејство не биле во домот во времето кога арамиите провалиле.

 

 

Текстот Мигранти провалиле во домот на Дино Мерлин е превземен од Reporter.mk.