Американската турнеја на „Ролингстоун“ најверојатно ќе се одржи во јули, по веста дека Мик Џегер морал да одложи 17 датуми поради болест.
Бендот работи со промотерите за да ги презакажат концертите, а се појавија информации дека Џегер неделава ќе има операција на срце, вели Би-би-си.
„Навистина мразам вака да ве изневерам“, објави ѕвездата на Твитер откако турнејата беше одложена за време на викендот. „Ќе дадам сè од себе за да се вратам на бина веднаш штом ќе можам.“
Американскиот „жолт“ веб-сајт Драџ рипорт прв објави дека Џегер ќе оди операција за да му се замени срцев залисток. Информацијата подоцна беше потврдена и од американскиот музички магазин „Ролингстоун“.
Се очекува 75-годишникот целосно да закрепне и летово да се врати на турнеи.
„Почнуваме да ги разгледуваме можностите за презакажување и ќе се обидеме ова да го направиме најбрзо што можеме“, рече Џон Меглен, еден од промотерите на Стоунси.
Текстот Мик Џегер оди на операција на срце е превземен од Reporter.mk.