Актерот Мики Рурк е непрепознатлив за голем број фанови по безбројните операции што ги има направено на своето лице.
Во осумдесеттите години Рурк важеше за миленик кај жените ширум светот, но денеска нималку не наликува на некогашниот секс-симбол.
Првата интервенција Рурк ја направи по повредата на боксерски меч. По операцијата на носот, актерот направи еден куп операции, по кои сега изгледа непрепознатливо и предизвикува згрозување кај неговите фанови.
Повеќето операции ги направив за да го поправам лицето и покријам лузните. Но, само еднаш посетив погрешен доктор.
Пет пати го оперирав носот, а морав да ја оперирам и јаболчната коска на лицето, која ми беше скршена. Мораа да ми земат дел од ‘рскавицата на увото за да ми го средат носот. Поради тоа што не зарасна добро, морав на нова операција“, раскажал Мурк за британски „Експрес“.
Експертите проценуваат дека актерот направил и „фејслифт“, операција на долните и горните трепки, вградил филтери, интервенирал и на образите и брадата.
Текстот Мики Рурк непрепознатлив по големиот број операции на лицето е превземен од Reporter.mk.