Актерката Мила Јовович јавно го изрази својот револт по повод законот против абортус, кој беше донесен во државите Џорџија и Алабама. Актерката сподели непријатно искуство во јавноста и напиша на социјалните мрежи дека ќе продолжи да се бори за правото на жените да абортираат.
Изминатиот период гувернерот на државата Џорџија, Брајан Кемп, го потпиша законот, со кој се забранува абортусот кај фетусот, чие отчукување на срцето може да биде детектирано. Обично тоа се случува во шестата недела од бременоста.
Во државата Алабама беше потпишан закон со кој во целост се забранува абортусот, освен во случај ако животот на мајката е доведен во опасност. Јовович открила дека пред две години изненадувачки морала да направи абортус. Актерката била бремена во четвртиот месец, додека снимала филм во Источна Европа.
„Добив привремени трудови, а лекарите ми рекоа дека морам да бидам будна во текот на целата постапка. Тоа беше страшно искуство со кои се соочив. Сеуште имам ноќни мори. Бев сама и беспомошна. Кога ќе помислам на тоа како жените ќе мора да се соочат со новите закони, ми се превртува желудникот“, напишала Јовович на „Инстаграм“.
Актерката објаснила и за психичките последици од направениот абортус.
„Паднав во голема депресија. Напорно работев за да се извлечам од неа. Максимално се посветив на кариерата. Морав да останам силна поради своите две деца“, изјавила Јовович.
Јовович изјавила дека сака да го искористи своето влијание и социјалните мрежи и да се избори за правото на жената да може да абортира. Таа вели дека ваквото право треба да биде легално, но истовремено и безбедно.
„Абортусот кај жените е доволно тежок на емоционално ниво. Не би смееле да бидат подложни на потенцијално небезбедни и нехигиенски услови. Абортусот, најблаго речено е ноќна мора. Ниту една жена не сака да минува низ тоа, но мораме да се бориме за да овозможиме безбеден абортус ако дојде до него. Никогаш не сум сакала да говорам за своето искуство, но не можам да молчам за така важна работа“, вели Јовович.
Текстот Мила Јовович за депресијата, актерката не може да го прежали абортусот е превземен од Reporter.mk.