Мила Москов од Прилеп ќе ја претставува Македонија на 17. Јуниорски евросонг што ќе се одржи на 24 ноември во Гливице, Полска, соопшти МРТ. Таа била избрана на аудиција на која учествувале 18 кандидати, а жирито едногласно гласало за Мила. Тие оцениле дека таа има најдобар настап и дека пее одлично.
Мила е ученичка во основното училиште „Кочо Рацин“ од Прилеп. Таа на шест години се запишала во локалното државно музичко училиште во Прилеп на одделот за пијано, а по две години се префрлила на соло пеење. На 11 години се пријавила на аудиција за мали таленти и влегла во финалето на натпреварот. Во 2017 година таа учествувала на фестивалот „Мелфест“. Таа пее и на хуманитарни манифестации, а заедно со детскиот хор „Мали ангели“ пеела на неколку концерти за помош на децата со посебни потреби.
Претходни претставници на Македонија на Јуниор Евровизија се Викторија Лоба, Марија Спасовска, Мина Блажев и други.
Текстот Мила Москов е претставник на Македонија на Јуниор Евровизија е превземен од Reporter.mk.