Поранешниот партнер на Северина Којиќ, Милан Поповиќ, со кого пејачката го има синот Александар, изјави дека е шокиран од новиот скандал со голите фотографии и ја нападна пејачката дека е несериозен родител.
Поповиќ во јавноста излезе со краток коментар велејќи дека е несериозно што Северина се фотографира гола, однапред знаејќи дека таквите фотографии можат да излезат во јавност особено по искуството од пред месец дена.
„Мене никогаш такви фотографии не ми има испратено. И мислам дека е многу несериозно што некој кој веќе имал такво искуство, да повторно прави вакви фотографии. Не навлегувам во тоа кој ги објавил и од каде излегле истите во јавноста, но е многу несериозно да некој прави такви фотографии, особено сега кога е родител“, изјавил Милан Поповиќ и додал дека ќе направел се ако можел да спречи истите тие се појават во јавност.
Текстот Милан Поповиќ ја обвини Северина за голите фотографии е превземен од Reporter.mk.