Српскиот фолк-пејач Миле Китиќ за „Ало“ вели дека неговата ќерка Елена има само професионална врска со раперот Раста и дека таа не е причината за неговиот развод со Ана Николиќ. Тој вели дека Елена е среќна и заљубена во фудбалер.
„Знам дека соработува со Раста, дека тој ѝ ги работеше песните, и уште ги прави, но тука нема место за љубовна приказна. Таа се забавува со еден фудбалер, други момци не ја привлекуваат. Макар што никогаш не се знае“, рекол пејачот.
Тој додал дека не сака да се меша во приватниот живот на ќерка си и дека таа е доволно возрасна да решава со кого ќе е во врска.
„Јас не сакам да се плеткам, ниту ме интересира. Таа е возрасна и мислам дека има други цели. Со Раста работеше на една песна, а моментално подготвуваат друга. За емотивните врски не разговара со мене, ниту јас ја прашувам на таа тема. Таа има 21 година, таа одлучува со кого да биде. Изборот е нејзин и никогаш нема да се мешам“, додал Китиќ.
Текстот Миле Китиќ раскажа за врската на ќерката Елена со Раста е превземен од Reporter.mk.