Фолк пејачот Миле Кузмановски, лани се ожени со Јасмина, со која ја имаат ќерката Ева. Од бракот со првата сопруга Верче, која почина во 2012 година ги има близначките Ана и Јана. „Животот со три девојчиња дома умее да биде забавен, благодарен сум за се што имам и за секој нов ден поминат во љубов и семејна хармонија“, рекол Миле за “Фокус“.
Најмалата ќерка ја крстиле Ева. Вели името им се допаднало, и нема никаква симболи. “Таа има година и три месеци, а Ана и Јана се средношколки, учат медицина. Тие имаат по 15. години, и сите три ќерки се прекрасни деца на кои сум многу горд. Среќен сум со семејството, имаме мирен живот и слога. Убаво е кога човек и професионално и приватно е исполнет“, раскажал Миле Кузмановски. Последниот албум „Крал без круна“ го сними пред пред пет години, а сега највува дека едвај чека да влезе во студио за да ги снима песните од новиот албум.
Текстот Миле Кузмановски по загубата на сопругата повторно го најде патот на љубовта е превземен од Reporter.mk.