Милена Дравиќ, ѕвезда на југословенскиот филм и една од најубавите и најуспешни српски актерки, почина вчера во Белград по долга и тешка болест.
Милена беше почитувана и ценета во поранешна Југославија, но исто така и во светот. За тоа сведочи и фотографијата создадена во Белград. На неа Милена Дравиќ е во друштво на Алфред Хичкок и неговата сопруга.
Фотографијата на Милена се најде на насловната страница на „Њујорк тајмс”, а благодарение на филмот „W. Р. – Мистерија на организмот“ на Душан Макавеев во Кан, имаше можност да се запознае со Џек Николсон, Џон Ленон и Јоко Оно и да се дружи со нив.
Поради тоа, по враќањето во Југославија, ѝ беше кажано дека нема да ја глуми доктор Вера во филмот „Сутјеска”, бидејќи „се однесувала непримерно” во Франција. Таа сепак ја доби улогата бидејќи тоа го бараше лично Ричард Бартон, кој не беше задоволен од нејзината замена. Она што Милена особено го паметеше беше дружењето со Алфред Хичкок.
„Бев во друштво со легенда, бев многу почестена, и тоа засекогаш ќе остане во моето сеќавање. Тој веќе беше еден од најголемите режисери на сите времиња, а јас бев многу млада на почетокот на кариерата. Хичкок и неговата сопруга дојдоа во Белград, а јас бев домаќин од наша страна. Веќе тогаш знаев поголем дел од неговите одлични филмови. И ја помнам неговата сопруга како драга, слатка жена. Отидовме во Белград, ја посетивме Скадарлија“, изјавила актерката за хрватските медиуми.
Текстот Милена Дравиќ на фотографија на која и Холивуд се восхитува е превземен од Reporter.mk.