Внуката на дивата на српското глумиште беше на промоцијата на дополнетото издание на монографијата „Милена Дравиќ – повеќе од уметност” од авторката Татјана Њежиќ. Актерката почина пред пред шест месеци.
„Милена за мене никогаш не беше голема Милена, туку сакана тетка. До денес немам објективна слика за нејзината важност за културата и нејзиното влијание врз другите луѓе. Јас сум субјективна спрема неа. Сè уште ми е тешко да го прифатам светот во кој ја нема неа”, рече Верица Дравиќ.
Таа додаде дека се сеќава на нејзините духовити коментари и раширени зелени очи кога била шокирана од нешто, на безграничната љубов што им ја давала на внуците, особено Драган Николиќ Гага, кој за внуката бил само тетин.
„Не можам да опишам што значи да се имаат такви тетка и тетин. Тие ни беа како родители. По нивната смрт ни остана огромна празнина и болка, но, исто така, и безброј прекрасни спомени до последните моменти кога бевме заедно. Тоа е моето најголемо богатство“, рече Верица Дравиќ.
Текстот Милена и Драган ми беа како родители, раскажа внуката Верица е превземен од Reporter.mk.