Британскиот актер Тим Рот (58), познат по улогите во култните филмови на Квентин Тарантино (56), но и по хит-серијата „Лажи ме“, по шестмесечно снимање на новата драмска серија, пристигна од Ливерпул во Загреб за да си го реши проблемот со видот засекогаш.
Тим Рот беше виден во хотелот „Еспланада“ во Загреб како чита пораки на мобилниот телефон. Првпат по 40 години, актерот чита без очила бидејќи само ден пред тоа беше опериран на клиниката „Свиетлост“ во Загреб.
Професорот Габриќ и неговиот тим ги оперирале Рот и неговата сопруга Ники и им вградиле најнова генерација мултифокални леќи со проширен фокус. И двајцата добро гледале само неколку часа по операцијата и уживале во т.н. адвент во Загреб.
„Целиот живот мислев дека со левото око гледам помалку од 30 проценти. Бев кај многу лекари во Калифорнија и Англија, кои ме уверуваа дека нема надеж за тоа око, но по два часа поминати во „Свиетлост“, гледам на тоа око првпат во мојот живот“, вели актерот.
Покрај Рот, на клиниката се оперирани и Арманд Асанте, кој своето искуство го сподели со актерите Франко Неро и Касандра Гав, а тие го споделија со Ивана Трамп и Тим Рот.
Текстот Миленикот на Квентин Тарантино опериран во Загреб е превземен од Reporter.mk.