Со слика стара повеќе од педесет години, водителот Миленко Неделковски се сети на детството и на дочекот на 1962 година во неговиот дом. Тој на „Фејсбук“ објави црно-бела слика на која е со целото свое семејство, сите дотерани за Нова година.
„На нова година 1962-ра. Татко ми Борче, дедо ми Стојан, баба ми Перса, брат ми Ратко и мајка ми Виолета. Телевизор Филипс, француски мебел (креденец, шифињер, наткасни), фикус, италијанска гардероба за мајка ми и мене и брат ми. Татко ми исклучиво ценеше кројач (Анѓелковски, Милер). И, тоа е тоа. Општина Идадија“, напиша Миленко.
Неговите пријатели на фејсбук искоментираа дека денес нема останато многу семејства со стари скопјани во градот, па и тие се сетија на времето кога растеле во Скопје. Некои дури и му рекоа дека се сеќаваат на неговиот татко, но и на дедо му.
Текстот Миленко со слика од 1962 се потсети како се славела Нова година во Скопје е превземен од Reporter.mk.