Српската пејачка Милица Тодоровиќ во интервју во емисијата „Ексклузив“ открила дека од поодамна размислува за тоа како сака да изгледа нејзината свадба.
„Имам сценарија во главата. Некогаш замислувам дека се венчавам во шума, некогаш на плажа, ама никогаш не сум размислувала за голема свадба, трубачи, сите качени на маси и слично. Којзнае што ќе ми донесе животот“, рекла Милица во интервјуто.
Пејачката две години во врска со кореографот Милош Пауновиќ, но ретко се појавува со него во јавноста. Вели, приватниот живот, колку што може, сака да го чува за себе, оти тоа е единствениот начин да има нормална врска.
Текстот Милица Тодоровиќ не сака свадба со трубачи е превземен од Reporter.mk.