Милица Тодоровиќ планира брак и бебе

Српската пејачка Милица Тодоровиќ вели дека наскоро планира да се омажи и да оформи семејство. Милица веќе пет години е во среќна врска со кореографот Милош Пауновиќ.

Таа откри дека двајцата често размислувале за венчавка и бебе. Милица призна дека кај нејзе се разбудил мајчинскиот инстикт за време на нивните чести прошетки. Таа постојано ги гледа другите млади како грижливо водат сметка за своите деца.

Пејачката вели дека наредните неколку години ќе има одлични вести за своите обожаватели, како во делот на кариерата, така и кога станува збор за приватниот живот.

 

Текстот Милица Тодоровиќ планира брак и бебе е превземен од Reporter.mk.