Милијардерот Ричард Бренсон ги моли Британија и Австралија да му помогнат да не банкротира

Британскиот милијардер Ричард Бренсон, сопственик на авиокомпанијата „Вирџинија Атлантик“, се обидува да ја убеди државата да му одобри 500 милиони фунти финансиска помош за да ја преживее пандемијата на коронавирусот и економскиот пад што се случува во областа на транспортот.

Тој барањето го испратил од приватен остров на Карибите, каде што живее последните 14 години. Освен на британската влада, истото барање, но на износ од 700 милиони фунти, го упатил и до австралиската влада. Тој бил поддржан од газдите на „Ербас“, кои прават млазни мотори за неговите авиони.

Поранешниот британски канцелар Џон Мекдонели вели дека е неприфатливо ваквите „богати милијардери“ да го „молзат“ системот во време на национална криза.

Текстот Милијардерот Ричард Бренсон ги моли Британија и Австралија да му помогнат да не банкротира е превземен од Reporter.mk.