Пејачката Мира Шкориќ ја навредувала колешката Неда Украден за време на снимањето на новогодишната програма на српската телевизија „РТС“. Таа почнала да ѝ вика кога Неда се пожалила на лошиот тон во студиото, пишува „Ало.рс“.
„Шкориќ ја нападна Неда пред двесте гости кои стигнаа на снимањето на новогодишната програма“, вели еден од гостите за српските медиуми.
Кога Неда се пожалила на лошиот звук и побарала од организаторите да го решат проблемот, во тој момент Шкориќ почнала да ѝ вика и да ја навредува.
„Што глумиш лудило?! Сега се разбираш и во тон! Дали си тонец?! Што сме сите ние тука, будали? На сите ни е добар, само на тебе не ти чини“, викала Мира, која малку недостигало да направи поголем инцидент.
Изворот објаснил дека атмосферата станала многу непријатна и дека гостите во тој момент само немо ја следеле ситуацијата. За среќа, мајсторите за кратко време го поправиле звукот, а Неда продолжила да пее.
„Вистина е дека ми префрли и почна да ми вика и да ме навредува. Сметам дека нормално е секој пејач да има право да побара добар тон и тоа да не биде претивко или фалш. Секој доаѓа на работа и пристапува на неа онака како што мисли дека треба. Сакам сè да биде како што треба. Сакам сè да биде перфектно кога сум јас во прашање. Тоа го барам и од моите соработници. Ако некому му пречи тоа, тогаш тоа е негов проблем. За среќа, го наместија тонот и продолжив да пеам“, објаснила Неда по инцидентот.
Текстот Мира Шкориќ ја навредуваше Неда Украден среде емисија е превземен од Reporter.mk.