Миранда Кер сака уште едно дете

Топ моделот Миранда Кер сака да роди трето дете. Таа веќе има два сина. Постариот син има 7 години, а го има од бракот со актерот Орландо Блум. Вториот син има 6 месеци и го роди во бракот со нејзиниот сегашен сопруг Еван Шпигел.

Миранда не планира да забремени веднаш, но сака да има големо семејство. „Сакам да бидам мајка. Ова е најудобната работа на светот“, изјави Миранда за магазинот „Мери Клер“ и додаде дека ѝ се допаѓа како изгледа откако два пати родила.

Кер и Шпигел се венчаа во мај 2017 година и се верија една година порано. За разлика од Миранда тој не бил женет претходно.

 

Текстот Миранда Кер сака уште едно дете е превземен од Reporter.mk.