Американската глумица Синтија Никсон, која се прослави со улогата на Миранда во серијата „Сексот и градот“, собра доволно потписи за да се кандидира за гувернер на американската сојузна држава Њујорк. На Синтија ѝ беа доволни 15 000 потписи, а таа соопшти дека собрала 65 000 потписи.
Првичните избори во Демократската партија за тоа кој ќе биде нивни кандидат за гувернер, ќе се одржат на 13 септември, два месеца пред главните избори. Нејзин противкандидат ќе биде сегашниот гувернер Ендру Куомо, водечка фигура на демократите, кој е на чело на сојузната држава Њујорк во последните осум години.
Според анкетите направени меѓу граѓаните, Куомо има 35 процентни поени предност пред Никсон.