Американската претставничка за избор на Мис Универзум, Сара Самерс направи скандал во пресрет на изборот за најубава девојка, откако јавно ги навредила колешките од Виетнам и Камбоџа.
Сара во видеото кое јавно се појави на Инстаграм зборувала и се исмејувала на нивна сметка, дека не знаат да зборуваат англиски јазик. Американката во видеото се обидувала да ја имитирала Мис Виетнам.
„Многу е слатка кога глуми дека разбира англиски. Кога ќе ѝ постават прашање ќе разговораат со неа, таа само ќе го направи клима со главата ѝ ќе се насмее“, изјавила Сара.
Уште поголем скандал американската претставничка направила оговарувајќи ја Мис Камбоџа.
„Мис Камбоџа дојде да се натпреварува на Мис Универзум, а не разбира ниту еден збор на англиски јазик. А никој од присутните тука не го зборува нејзиниот јазик. Можете ли да замислите?“, изјавила Сара.
Сара се извинила во едно од понатамошни излагања, но голем број од коментаторите кои се појавија под видеото сметаат дека нејзиното покаение не било искрено.
Скандалот се случил во пресрет на изборот за Мис на Универзумот, кој ќе се одржи во Тајланд.
Текстот Мис Америка ги навредувала колешките од Виетнам и Камбоџа, не знаеле англиски е превземен од Reporter.mk.