Мисот на Англија Баша Мукерџи ја остави круната и како доктор застана во првите редови против опасниот коронавирус, пренесува Си-ен-ен. Бидејќи ситуацијата во Велика Британија се влошува, таа добивала голем број пораки од нејзините поранешни колеги од болницата во која работела.
Баша има коефициент на интелигенција 146, а во 2019 година стана Мис на Англија. Сепак, поради новонастанатата ситуација околу пандемијата со коронавирусот, таа се врати во својата татковина да ја продолжи својата лекарска кариера, пренесува Си-ен-ен.
Баша ја поканиле да гостува како амбасадорка во неколку земји, каде трабала да остане се до август годинава, работејќи добротворна работа.
„Ме повикаа во Африка, Турција, Индија, Пакистан и уште неколку азиски земји за да им се посветам на добротворната работа за различни цели“, изјавила таа за Си-ен-ен.
Кога почнала пандемијата, таа се наоѓала во Индија. Бидејќи ситуацијата во Велика Британија се влошила, таа добивала голем број пораки од нејзините поранешни колеги од болницата во која работела. Ѝ се пожалиле на тешката ситуација. Таа пораките, како што вели, ја поттикнале да се јави во болницата и да им каже дека ќе се врати на работа.
Чувствува дека е погрешно да ја носи круната, дури и ако е тоа за добротворни цели, додека луѓето во светот умираат од коронавирусот, а нејзините колеги вложуваат натчовечки напори.
„Додека се заминавам со хуманитарна работа и понатаму од тебе се очекува да ја ставиш круната и да бидеш убава. Сакав да се вратам дома, сакав да се вратам на работа. Поради тоа ја заработив дипломата, а кога е подобро време да го искористам тоа знаење, ако не сега. Знам дека можам да помогнам“, вели таа.
Баша во средата минатата недела се вратила во Лондон, а пред да се врати на работа како лекарка, мора да помине две недели во самоизолација. Инаку оваа атрактивна девојка е специјализирана за респираторни болести.
„Никогаш не е подобро време за Мис на Англија да ѝ помогне на земјата во овие тешки времиња“, изјавила Баша.
Текстот Мис Англија ја остави круната и како доктор застана во првите редови против вирусот е превземен од Reporter.mk.