На 17. мај во 21 часот, онлајн ќе се одржи изборот за убавина „Мис Карантин на светот“. Настанот ќе се пренесува на Фејбук и на ТВ 21 која се гледа .
Од Македонија се пријавија четири девојки, а две од нив влегоа во 15. финалистки. Тоа се 24. годишната Кристина Димитријевска од Тетово и 16. годшната Бисера Цуцулова од Скопје, двете членки на Модното Студио Црнокрак. На изборот се пријавија 210 девојки од околу 50 држави. Прво беа избрани 70 полуфиналистки, а потоа 15 финалистки кои ќе учествуваат на големото финале кое ќе се одржи во недела.
Право на учество имаа сите убави девојки од од светот на возраст помегју 16 и 26 години, со тоа што за учество требаа да испратат две видеа, на едното како се претставуваат, а на другото како се движат, во карантински услови. Исто така требаа да испратат 10 слики – 5 обични и 5 професионални.
Во жирито покрај познатите имиња од модата и убавината ќе биде и Мики Црнокрак, сопственикот на Модното Студио Црнокрак.
За потсетување, воо текот на годината во светот се одржуваат многу интернационални избори на убавина. Но, заради коронаирусот и овие настани не може да се одржат. Сепак на идеја на „Гецијан фешн груп“ од Приштина се организирааше еден ваков избор, кој ќе биде онлајн. Коорганизатори се Модното Студио Црнокрак и „Тугче Сарикаја дизајн“ од Турција.
Текстот „Мис Карантин на светот“ на 17 мај, две Македонки во финалето е превземен од Reporter.mk.