Американската актерка Мишел Вилијамс се разведува по неполна година брак со нејзиниот сопруг Фил Елверум, пренесува Hollywood reporter. Извор близок до двојката открива дека разделбата се случила на почетокот на оваа година, а двајцата сакале да мине колку е можно потивко.
Мишел и Фил се венчаа летото 2018 година, а во септемвриското издание на Vanity Fair, за прв пат актерката потврдила дека таа и Фил се вериле. Мишел тогаш објаснила дека успеала за прв пат по 10 години, да ја пронајде љубовта по смртта на нејзиниот поранешен сопруг, со кого ја има ќерката Матилда.
„Никогаш не се откажав од љубовта. Секогаш и зборував на Матилда дека Фил ме секаше и пред сите други да мислат дека сум убава, талентирана или паметна. Никогаш не и зборував за моите обврски, но Фил не беше кој било. Ме сакаше така што се чувствував слободно, а како и самата што ја учам Матилда, секогаш мора да биде слободна и да биде тоа што е. Среќна сум што и мене конечно некој ми дозволи да бидам тоа што сум“, изјавила Мишел минатата година за Vanity Fair.
Текстот Мишел Вилијамс се разведе по неполна година брак е превземен од Reporter.mk.